КАМИОН НА „МАКЕДОНИЈА ПАТ“ ЧИСТЕЈЌИ ГО СНЕГОТ НА ПЛЕТВАР ЈА ЗАГРОЗИ БЕЗБЕДНОСТА НА КОМБЕ СО ПАТНИЦИ

    КАМИОН НА „МАКЕДОНИЈА ПАТ“ ЧИСТЕЈЌИ ГО СНЕГОТ НА ПЛЕТВАР ЈА ЗАГРОЗИ БЕЗБЕДНОСТА НА КОМБЕ СО ПАТНИЦИНовинарите кои се возеле во комбето раскажуваат дека чистачот возел со поголема брзина и спуштени ножеви и ги претекнувал на полна линија.(Фото: СДК.МК)

    Комбето што превезуваше новинари од Битола и Прилеп на Плетвар за влакно избегна сообраќајна несреќа откако камион чистач на „Македонија пат“ додека претекнуваше го испрска со мразот и снегот што ги чистеше од патот.

    Новинарите раскажуваат дека чистачот возел со поголема брзина и спуштени ножеви и ги претекнувал на полна линија. Му ја запишале и регистарската табличка.

    „Кога снежната маса удри врз возилото, се создаде страшен звук, што помисливме дека се случи сообраќајка. Снегот и мразот што ги имаше собрано се исфрлија врз нашето возило, ништо не се гледаше низ прозорците. Нѐ спаси само присебноста на возачот на комбето“, велат новинарите кои се враќаа за Прилеп и Битола од одржаното неизборно собрание на ЗНМ во Скопје.

    На планинскиот превој Плетвар врне снег и има забрана за движење на тешки товарни возила.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира