КАПЕТАНОТ НА ПРИСТАНИШТАТА ГОРАН УСТИЈАНОСКИ ПРЕТЕПАН ПРЕД ХОТЕЛ ВО ОХРИД

    КАПЕТАНОТ НА ПРИСТАНИШТАТА ГОРАН УСТИЈАНОСКИ ПРЕТЕПАН ПРЕД ХОТЕЛ ВО ОХРИДУстијаноски е со повреди на лицето и телото, а нападот сам го пријавил во полиција. (Фото: Фејсбук)

    Капетанот на пристаништа на Македонија, Горан Устијаноски, завчера во Охрид бил физички нападнат од две лица. Нападот се случил пред хотел во центарот на градот. Устијаноски е со повреди на лицето и телото, а нападот сам го пријавил во полиција.

    „На 28.08.2022 во 14.00 часот во СВР Охрид, Г. У. (40) од Охрид пријавил дека пред хотел во Охрид бил физички нападнат од две лица, при што се здобил со повреди констатирани во Медицински центар Охрид“, соопшти МВР.

    Оттаму велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

    Устијаноски не одговари на нашите повици за да каже дали знае кои се напаѓачите и која е причината што го претепале.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира