КАЗНИ ЗА 20 КАФУЛИЊА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ ЗА ДИВИ ТЕРАСИ И ГЛАСНА МУЗИКА

    КАЗНИ ЗА 20 КАФУЛИЊА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ ЗА ДИВИ ТЕРАСИ И ГЛАСНА МУЗИКАИнспектори од Општина Центар заедно со Управата за јавни приходи и Министерството за внатрешни работи синоќа биле во контрола низ локалите во Дебар Маало, на улица Македонија и во населбата Пролет (Фото: М. Златевска)

    Општина Центар синоќа казни 20 кафулиња во скопско Дебар Маало, на улиците Македонија и во населбата Пролет во строгиот центар на градот, поради диви тераси и гласна музика. Инспектори од Општината заедно со Управата за јавни приходи и Министерството за внатрешни работи биле во контрола по кафулињата низ Центар. Контроли биле извршени кај 20 објекти и кај сите биле утврдени неправилности.

    Градоначалникот Саша Богдановиќ вели ако и по втор пат во овие локали бидат утврдени неправилности ќе бидат затворени.

    „За овие локали граѓаните се жалеа дека го нарушуваат редот и мирот со гласна музика, бесправно узурпирање на јавниот простор со поставување на тераси и паркирање возила на недозволени места. На дел од угостителските објекти им се изречени мандатни казни, на дел им е даден рок да достават документација и да го усогласат просторот според пропишаните параметри. Доколку рокот не биде испочитуван ќе им биде изречена соодветна глоба или ќе бидат затворени“, вели Богдановиќ.

    Градоначалникот Богдановиќ вели дека е воспоставена целосна координација со сите институции и нема да се толерира незаконско работење на територија  на општината. Во наредниот период, со правосилни решенија ќе се отстранат дивите и незаконски поставените тераси,  и ќе има зачестени контроли на угостителските објекти заради ослободување на јавниот простор и тротоарите.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира