КАЗНИ ЗА ДИРЕКТОРКАТА И ЗА ШКОЛОТО ВО РАДОВИШ КАДЕ СЕ ОДРЖА ИФТАРСКА ВЕЧЕРА

    КАЗНИ ЗА ДИРЕКТОРКАТА И ЗА ШКОЛОТО ВО РАДОВИШ КАДЕ СЕ ОДРЖА ИФТАРСКА ВЕЧЕРАНа социјалните мрежи излезе видео од ифтарска вечера во холот на училиштето „Крсте Петков Миирков“ во Радовиш, во кое се гледаат како стотина ученици седнати во училишните клупи заедно со повозрасни лица ја слушаат молитвата од оџата искачен на скалите од училишниот хол (принтскирн од видеото)

    Државниот просветен инспекторат го казни основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ од Радовиш со 1.600 евра, а директорката  Олгица Стојанова  со 1.120 евра, поради тоа што на 31 мај во училиштето се изведе верски обред. На социјалните мрежи излезе видео од ифтарската вечера во холот на училиштето, во кое се гледаат како стотина ученици седнати во училишните клупи заедно со повозрасни лица ја слушаат молитвата од оџата искачен на скалите од училишниот хол.

    Инспекција  на Државниот просветен инспекторат влезе во училиштето да го испита нарушувањето на начелото на секуларност во училиштата. Инспекторатот најави и дека ќе биде поднесено барање до Општина Радовиш за разрешување на директорката Стојанова, затоа што спротивно на законот дозволила верско организирање во училиште.

    Законската регулатива забранува секаков вид верско организирање и дејствување во улилиштата.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира