ЌЕ НАПРАВAM ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА СИТЕ ДЕТАЛНИ ПЛАНОВИ КОИ ВО МОМЕНТОВ СЕ РАБОТАТ, НАЈАВУВА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КАРПОШ ЈАКИМОВСКИ

    ЌЕ НАПРАВAM ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА СИТЕ ДЕТАЛНИ ПЛАНОВИ КОИ ВО МОМЕНТОВ СЕ РАБОТАТ, НАЈАВУВА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КАРПОШ ЈАКИМОВСКИЈакимовски побарал од планерските куќи сите планови без разлика во која фаза на изработка се да се стават на увид на јавоста. (Фото: Фејсбук)

    Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски најавува дека  пред граѓаните и јавноста ќе ги презентира сите Детални урбанистички планови кои во моментов се работат. Јакимовски на својот фејсбук профил денеска објави дека во општината ќе се работи само транспарентно во целиот негов мандат.

    „Денеска побарав од планерските куќи јавна презентација на урбанистичките планови за Карпош. Остварив средба со сите претставници на планерските куќи кои во моментот изработуваат урбанистички планови за Општина Карпош. На средбата побарав од нив да подготват комплетни презентации на сите планови без разлика во која фаза на изработка се во моментот и истите да бидат ставени на увид пред Советот на Општината и пред јавноста“, вели Јакимовски.

    Јакимовски вчера најави дека наредната година ќе почне и довршување на општинската зграда, која четири години откако на негово место дојде Стефан Богоев, стои недовршена.

    Зградата на Општина Карпош почна да се гради во октомври 2012 година и тогашниот градоначалник Стевчо Јакимовски најави дека ќе биде готова за осум месеци. Во текот на градбата Општината промени неколку фирми изведувачи, а за зградата беше земен кредит во висина од 1,4 милиони евра.

    Откако во 2017 на градоначалничката функција дојде Богоев, беше кажано дека зградата не може да се доврши оти е утнат проектот. Она што досега е изградено во голема мера отстапува од проектот врз основа на кој е добиено одобрението за градба, па зградата нема да може да добие употребна дозвола. Ниту изминативе три години за ова не е најдено решение, па зградата и понатаму зјае недовршена иако во голема мера е изградена, поставена е фасада и прозорци. Градоначалникот Богоев по стапување на функцијата кажа дека досега ништо за зградата не е платено. Наменскиот кредит кој бил подигнат се користел за други цели наместо да се исплаќаат фирмите изведувачи.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира