ЌЕ НЕМА ПОЛСКИ ТУРИСТИ НА ОХРИДСКОТО КРАЈБРЕЖЈЕ, ТУРОПЕРАТОРИТЕ ГИ ОТКАЖАА ЛЕТОВИТЕ ОТИ ИМ Е СКАП ПРЕСТОЈОТ

    ЌЕ НЕМА ПОЛСКИ ТУРИСТИ НА ОХРИДСКОТО КРАЈБРЕЖЈЕ, ТУРОПЕРАТОРИТЕ  ГИ ОТКАЖАА ЛЕТОВИТЕ ОТИ ИМ Е СКАП ПРЕСТОЈОТСо чартери од јуни до септември во Охрид доаѓаа од 10 до 16 илјади гости од Полска. (Фото: СДК.МК)

    На охридското крајбрежје оваа сезона ќе ги нема туристите од Полска оти „Реинбоу”, еден од двата најголеми полски туроператори кој носеше гости од Варшава, и „Рего Бис“ ги откажаа летовите до Охрид. Зголемените цени на хотелските услуги се причина за откажувањата, а од Хотелската асоцијација на Македонија (ХОТАМ) велат дека по драстичното зголемување на трошоците цените не можат да останат на ниво од лани.

    Охридските хотелиери не понудиле ни „ол инклузив“ услуга, оти не им е исплатливо, а немаат ни доволно персонал.

    „Цената за ‘ол инклузив’ којашто беше понудена од повеќето хотели им беше доста висока и ни беше кажано дека  не очекувале толкави поскапувања. Споредено со Грција, Турција, Албанија, цените кај нас се едни од пониските“, вели Крсте Блажески, претседател на ХОТАМ.

    Според туристичките работници, откажувањето на овие летови ќе резултира со десетина илјади туристи помалку од Полска и голем пад во бројот на ноќевања.

    „Почнуваат некои резервации да прават со ‘ЛОТ’, нивната авионска компанија којашто лета редовно до Скопје, но тоа не е бројчано како што беше претходно и нема да ги имаат ‘ол инклузив’ услугите туку само цел или полупансион“, вели Блажески.

    „Реинбоу“, кој закупуваше чартер летови на релација Охрид-Варшава од 2018, а „Рего Бис“ на Катовице-Охрид од 2016, од јуни до септември носеа од 10 до 16 илјади гости.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира