Локалната власт во Штип најави дека од 14.990 дивоградби за кои сопствениците поднеле барање за легализација, над 5.000 ќе бидат срушени затоа што не исполнуваат еден или повеќе од условите пропишани со Законот за легализација на бесправно изградени објекти. Рокот изминал на 31 декември 2018, главно поради тоа што околу 4.000 баратели немале геодетски елаборат и биле одбиени, а 1.200 биле одбиени по друг основ. Слична судбина ги очекува уште стотина граѓани чии барања уште се во постапка.
„Ако на локациите со дивоградби минува водоводна или друга инфраструктурна инсталација, тие објекти мора да бидат остранети. Во целиот случај околу легализацијата на дивоградбите ќе го почитуваме законот,“ вели градоначалникот на Штип Благој Бочварски.
Законот за постапување со бесправно изградените објекти стапи на сила на почетокот на 2011, а рокот беше продолжен на два пати во 2017 и до јуни 2018, за на крај да се продолжи до крајот на 2018. Во Штип биле примени над 13.000 барања од кои биле решени само 8.300, останатите до денес останале спорни или нелегални.
Т. ЈОВАНОВСКИ