ЌЕ СЕ УРИВА ДИВАТА ТЕРАСА НА ГОСТИЛНИЦАТА „АМАНЕТ“ ВО БАРОКНАТА ПАЛАТА „ЕМАНУЕЛ ЧУЧКОВ“

    ЌЕ СЕ УРИВА ДИВАТА ТЕРАСА НА ГОСТИЛНИЦАТА „АМАНЕТ“ ВО БАРОКНАТА ПАЛАТА „ЕМАНУЕЛ ЧУЧКОВ“Сопственикот има рок од три дена да го ја отстрани дивата тераса, ако не тоа ќе го стори Општина Центар.(Фото: К. Попов)

    Општина Центар донесе решение за уривање на терасата на гостилницата „Аманет“ во барокната палатата „Емануел Чучков“. Градежниот инспектор од Општината констатирал дека терасата која е заградена со стакло е поставена без дозвола. Сега сопственикот има рок од три дена да го ја отстрани дивата тераса, ако не тоа ќе го стори Општината.

    „Овластен градежен инспектор постапувајќи по службена должност, изврши увид и констатира дека инвеститорот ДПТУ ‘Примес Ко’ Скопје, не поседува решение за поставување на урбана опрема со челична конструкција обложена со стакло пред деловниот простор на гостилницата ‘Аманет‘. Општина Центар нема да дозволи нелегално поставување на градби и урбана опрема со што се оневозможува слободно движење по тротоарите и одвивање на сообраќајот“, велат од кабинетот на градоначалникот Саша Богдановиќ.

    Палатата „Емануел Чучков“, во која се сместени Државниот завод за ревизија и Геолошкиот завод, почна да се прави во 2014 година како дел од проектот „Скопје 2014“, и е според идејно решение на Жарко Чаушевски, архитектот кој е автор на повеќе барокни новоградби од озлогласениот проект на владата на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ .

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира