КЕЈОТ НА ОТИЊА ВО ШТИП УРЕДЕН СО 250 САДНИЦИ И 17О КАНДЕЛАБРИ

    КЕЈОТ НА ОТИЊА ВО ШТИП УРЕДЕН СО 250 САДНИЦИ И 17О КАНДЕЛАБРИВдолж 2 километра по текот на реката Отиња има 250 зимзелени садници, 170 канделабри и поплочени пешачки патеки. (Фото: СДК.МК)

    Поплочен е кејот на реката Отиња во Штип, изградени се пешачки патеки од двете страни на реката во должина од 2 километра вдолж центарот и три платформи за паркирање над коритото. Општина Штип почна со доопремување и со засадување садници, поставување канделабри и подземен систем за наводнување на зелените површини.

    „Од двете страни на коритото на реката Отиња покрај пешачките патеки е поставен подземен систем за наводнување на зелeната површина и на новите 250 зимзелени садници од сортата ауреа нана“, вели Кирил Зајков, директор на ЈП „Исар“ кое е главен изведувач на работите.

    Градоначалникот на Штип Иван Јорданов додава дека за подземниот систем за наводнување се потрошени 500.000 денари (околу 8.000 евра), а исто толку се издвоени за садниците и за 170 канделабри со чија помош ќе биде целосно осветлен уредениот кеј и од двете страни на Отиња.

    Претходно, покрај пешачките патеки беа поставени 200 клупи и канти за отпадоци и заштитна ограда од двете страни на реката.

    Јорданов најавува и пролетно уредување на населбите и нивните паркови и плоштади, акции кои ќе се одвиваат секој викенд со општа доброволна работа на вработените во општинската администрација и јавните претпријатија.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира