КИНОТО ВО БИТОЛА НЕМА ДА РАБОТИ ДО ФЕСТИВАЛОТ „БРАЌА МАНАКИ“ ПОРАДИ ТЕХНИЧКИ ПРИЧИНИ

    КИНОТО ВО БИТОЛА НЕМА ДА РАБОТИ ДО ФЕСТИВАЛОТ „БРАЌА МАНАКИ“ ПОРАДИ ТЕХНИЧКИ ПРИЧИНИВо последните години киното во Битола можеше да се пофали со голема посетеност и со проекции на бројни актуелни филмски хитови. Современата кино опрема беше набавена во 2013, со која проекциите добија одлична слика и многу добар звук (Фото: СДК.МК)

    Времено запреа проекциите во единствната киносала во Битола која работи во склоп на Центарот за култура. Според информациите објавени на официјалната фесјбук страницата на „3-Д Кино Битола“, поради технички проблеми во моментов не можат да овозможат прикажување на филмови.

    „Ние веднаш пристапивме кон решавање на техничкиот проблем и вложуваме максимален труд, меѓутоа до почетокот на Интернационалниот фестивал на филмската камера ‘Браќа Манаки’ нема да имаме проекции“, соопштуваат од „3-Д“ киното во Битола.

    Тоа е всушеност истата киносала и техника која се користи за проекции на филмови во текот на фестивалот „Браќа Манаки“. Се очекува до почетокот на фестивалот на 14 септември техниката да биде во комплетна функција.

    Директорката на Центарот за култура Маја Андоновска-Илијевски вели дека сѐ што е до нив е преземено. Очекуваат дел што треба да се увезе од странство, а веќе во тек е и тендер за набавка на опремата.

    Од организацијата на киното соопштија дека за оние проекции кои се пропуштени поради техничките проблеми, ќе се договорат дополнителни термини. Упатија и порака до најмладите гледачи дека „ќе го поправат киното“ и ќе можат повторно да го гледаат „Кралот лав“ и другите детски филмови.

    Во последните години киното во Битола можеше да се пофали со голема посетеност и со проекции на бројни актуелни филмски хитови. Современата киноопрема беше набавена во 2013, со која проекциите добија одлична слика и многу добар звук, а се овзоможи таа не само да се користи за филмскиот фестивал, туку и за киноприкажувања во останатиот дел од годината.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира