КОГА „ЈУГОХРОМ“ НЕ РАБОТИ, ТЕТОВО Е ГРАД СО НАЈМАЛКУ ЗАГАДЕН ВОЗДУХ, ВЕЛАТ ОД „ЕКОГЕРИЛА“

    КОГА „ЈУГОХРОМ“ НЕ РАБОТИ, ТЕТОВО Е ГРАД СО НАЈМАЛКУ ЗАГАДЕН ВОЗДУХ, ВЕЛАТ ОД „ЕКОГЕРИЛА“„Екогерила“ бара од Министерството за животна средина и Владата на Македонија да продолжи забраната за работа на „Југохром“. (архивска фотографија)

    Невладината „Екогерила“ најавува дека ќе поднесе кривични пријави против директорот на „Југохром“ Васил Скендеровски и против претседателот на синдикатот на „Југохром“ Бајрам Амити за намерно загадување на животната средина, кривично дело за кое е предвидена казна од најмалку 5 години затвор. Исто така, се најавува дека ќе се бара и компензација за сите кои биле засегнати од ова загадување.

    „Југохром“ со години го загадувал Тетово, велат од невладината „Екогерила“, а ова го тврдат врз основа на мерењата од страна на Министерството за животна средина извршени во месец март во изминативе 5 години. Според овие мерења, просечното загадување со ПМ10 честичките во текот на март од 2013 до 2016 се движело помеѓу 118 и 191 микрограми на метар кубен што е за неколку пати повисока вредност од дозволените максимум 50 микрограми на метар кубен. Наспроти ова, мерењата направени во текот на март оваа година, кога „Југором“ покажале дека просечната загаденост на воздухот во Тетово цо ПМ10 честички била само 39 микрометри на метар кубен.

    Според „Екогерила“, во периодот кога „Југохром“ не работел Тетово стана град со најмалку загаден воздух во Македонија, само во Кочани воздухот бил малку почист од тетовскиот.

    Поради ова „Екогерила“ бара од Министерството за животна средина и Владата на Македонија да продолжи забраната за работа на „Југохром“ се додека не се постават филтрите за отпрашување на воздухот.

    Во меѓувреме, од „Југохром“ повторно бараат средба со премиерот Емил Димитриев од кого бараат да ја укине забраната за работа издадена од Државниот инспекторат за екологија,   рестартирање на „Југохром“ и негово продолжување со работа а напоредно со тоа да се доизградат започнатите филтри за отпрашување на воздухот.

    З. АНДОНОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира