КОГА ВО СРЕДНО ЗА НАЈДОБАР ГО ПРОГЛАСИЈА „ЗА ГОЦЕ-ГОГА“, ЗНАЕВ ДЕКА ТОА Е МОЈОТ ЕСЕЈ, РЕЧЕ СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА 153-ГОДИШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

    КОГА ВО СРЕДНО ЗА НАЈДОБАР ГО ПРОГЛАСИЈА „ЗА ГОЦЕ-ГОГА“, ЗНАЕВ ДЕКА ТОА Е МОЈОТ ЕСЕЈ, РЕЧЕ СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА 153-ГОДИШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВПретседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, ректорот на универзитетот „Гоце Делчев“, Дејан Мираковски(лево ) и градоначалникот на Штип, Иван Јорданов пред споменикот на Гоце Делчев во штипско Ново село каде се одбележа 153-годишнината од неговото раѓање. (Фото: СДК.МК )

    На денешното одбележување на 153-годишнината од раќањето на македонскиот револуционер и деец, Гоце Делчев пред Ректорската управа на Универзитетот во Штип што го носи неговотo име, претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова рече дека нема друга таква личност во историјата како него.

    „Најверојатно нема во историјата да најдете човек за кој толку многу се пишувало и зборувало, но и се плачело и радувало како што е Гоце Делчев. Тој е неразделен од македонскиот народ, тој е, како да е жив и денес, мислам дека уште долги години, цела вечност ќе се зборува и пишува за него. Гоце Делчев секогаш ќе биде дел од македонската приказна и македонскиот народ“ , рече претседателката.

    Замислете, рече таа, во време на Отоманската империја, да имате таква демократска мисла „дека го разбира светот како поле за културен натпревар“ со што среде војна ја праќа најдемократската и најмирољубивата порака.

    „Нема народ во светот како што е македонскиот, а да има толку многу Гоцевци, како што го има ова име и мојот брат“, рече Сиљановска-Давкова и се присети на настан кога таа била гимназијалка.

    „Во моето Средно училиште ‘Георги Димитров’ секоја година се одржуваа натпревари на тема Гоце Делчев. На еден републички натпревар на таа тема, директорот соопшти дека најдобар состав е составот ‘Гоце-Гога’. Знаев дека тоа е мојот есеј за македонскиот апостол. Тоа и денес ме прави горда затоа што ни е даден аманет и на мене и на македонскиот народ и во иднина да го чествуваме ова свето име. Ако не можеме во Кукуш или Килкис, неговото родно место, тогаш можеме овде во Македонија“ , рече претседателката.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира