Синоќа во еден часот во Штип, кола удри и ја искриви железната ограда на мостот стар 350 години. Возачот не успеал да ја фати кривината пред самиот мост, па со колата се искачил на троаторот и удрил во оградата.
Според штипската полиција која извршила увид на местото на сообраќајката, автомобилот не излетал од мостот, туку по ударот во оградата се вратил на коловозот. На повредните им е укажана помош.
Ова е прва сообраќајка од ваков вид на овој најстар мост на реката Брегалница, изграден во 1672 година. Мостот досега е реновиран неколкупати, но на едниот крај при влезот во Штип не е направено ништо остратата кривина пред самиот мост да се прошири и ублажи. Досега имало повеќе случаи да се изгуби контрола над возилата при влегувањето во мостот, но ова е првпат железната ограда да биде разнесена. Сепак, цврстината на оградата што не дозволила возилото да падне во Брегалница.
Т. ЈОВАНОВСКИ