КОЛА УДРИ ВО МЕЧКА НА ПАТОТ ТЕТОВО-ЈАЖИНЦЕ, ДВАЈЦА ПОВРЕДЕНИ 

    КОЛА УДРИ ВО МЕЧКА НА ПАТОТ ТЕТОВО-ЈАЖИНЦЕ, ДВАЈЦА ПОВРЕДЕНИ При сударот, две лица се повредени, а мечката била усмртена од силниот удар. (Фото: СДК.МК)

    На регионалниот пат Тетово-Јажинце ноќеска, половина час по полноќ, автомобил удрил во мечка која се движела по патот. При сударот, две лица се повредени, а мечката била усмртена од силниот удар. Оваа несекојдневна сообраќајна несреќа се случила кај тетовското село Доброште.

    „Во СВР Тетово е пријавено дека се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички моторни возила, ‘голф‘ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б. Ш. (60) од село Доброште, ‘фолксваген туран‘ со тетовски регистарски ознаки, управуван од Н. Ф. (39) од Теарце и диво животно мечка. Мечката е усмртена на самото место. Двајцата возачи добиле телесни повреди констатирани во Клиничката болница во Тетово“, соопшти портпаролот на СВР Тетово Марјан Јасифовски.

    Според информациите од СВР Тетово, по извршениот увид усмртената мечка е предадена на Јавната установа Национален парк Шар Планина.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира