КОМПЈУТЕРСКИОТ ТОМОГРАФ ВО ВЕЛЕШКАТА БОЛНИЦА 8 МЕСЕЦИ НЕ РАБОТИ, ИТНИТЕ СЛУЧАИ ГИ ПРАЌААТ ВО СКОПЈЕ

    КОМПЈУТЕРСКИОТ ТОМОГРАФ ВО ВЕЛЕШКАТА БОЛНИЦА 8 МЕСЕЦИ НЕ РАБОТИ, ИТНИТЕ СЛУЧАИ ГИ ПРАЌААТ ВО СКОПЈЕОд Министерството за задравство велат дека во тек е постапка за распишување тендер за набавка на нова катодна цевка за томографот во болницата во Велес, бидејќи оваа здравствена установа нема доволно пари во буџетот за замена на изгорената цевка ( Фото: СДК.МК)

    Осум месеци не работи компјутерскиот томограф во болницата во Велес, бидејќи болницата нема пари да го поправи.

    Сообраќајката на брачен пар од Битола, кој во саботата напладне со автомобилот излетаа од коловозот на влезот во Велес, го отвори проблемот со компјутерскиот томограф од велешката болница. Сопружниците Б.Н и Т.Н. немале скршеници, но бидејќи се жалеле на болки и отежнато дишење, дежурните доктори од општата болница Велес не можеле да постават точна дијагноза, оти томографот не работи. Тие итно биле префрлени на скопските клиники.

    Апаратот не е во функција осум месеци, односно од септември лани. Од болницата велат дека сервисерите констатирале дека катодната цевка ги надминала работните секунди и дека за замена на делот се потребни 60 илјади евра.

    Д-р Димитар Стровјаноски, директор на општата болница Велес, вели дека болницата нема пари за поправка на томографот и дека помош побарал од министерот за здравство Венко Филипче.

    „Побаравме по примерот на болницата во Охрид, каде државата помогна да се поправи расипаниот компјутерски томограф, така да се постапи и со апаратот во нашата болница. Министерот Филипче вети дека апаратот ќе биде поправен и тие ќе ги сносат трошоците“, вели д-р Стровјонски.

    Тој објасни дека прашање на време е кога ќе биде поправен томографот, бидејќи сè уште не знаат дали сервисерот ја има тука цевката, или треба да ја набави од производителот „Сименс“.

    Компјутерскиот томограф беше набавен во јуни 2011 година. Осум месеци пациентите од велешко за снимање на томограф мораат да патуваат до Скопје или Штип.

    Д-р Стровјаноски вели дека со почетокот на туристичката сезона, очекуваат поголем број повредени во сообраќајни несреќи, кои според статистиката се бројни на делница од автопатот Катланово до Демир Капија, ги носат во болницата во Велес.

    „Освен што не работи компјутерскиот томограф, нашата болница има и кадровски проблеми, бидејќи ни недостигаат и недостасуваат општи хирурзи“, вели д-р Стровјаноски.

    Од Министерството за за дравство велат дека во тек е постапка за распишување тендер за набавка на нова катодна цевка за томографот во болницата во Велес, бидејќи оваа здравствена установа нема доволно пари во буџетот за замена на изгорената цевка.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира