КОЊАНОВСКИ БАРА ВОНРЕДЕН ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР ОТКАКО СОВЕТОТ ОДЛУЧИ ДА СЕ РАЗРЕШАТ УПРАВНИТЕ ТЕЛА ВО ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ЗАГУБАРИ

    КОЊАНОВСКИ БАРА ВОНРЕДЕН ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР ОТКАКО СОВЕТОТ ОДЛУЧИ ДА СЕ РАЗРЕШАТ УПРАВНИТЕ ТЕЛА ВО ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ЗАГУБАРИКоњановски рече дека се прекршени одредби од Законот за јавни претпријатија и Статутот на Општина Битола. (Фото: СДК.МК)

    Градоначалникот на Битола Тони Коњановски ќе побара од Државниот инспекторат за локална самоуправа да изврши вонреден инспекциски надзор врз работата на Советот, зашто смета дека вчерашното разрешување на управните и надзорните одбори на јавните претпријатија беше извршено нестатутарно. На вчерашната седница, советниците на СДСМ, ДУИ, ДОМ, Понаку и Левица создавајќи своевидно ново мнозинство гласаа за разрешување на управните тела во шест претпријатијата кои имаат загуби, а советниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ја напуштија седницата. Советниците кои донесоа одлука за разрешување најавија дека ќе назначат граѓански управни одбори за да ги избават претпријатијата од долгови.

    Коњановски рече дека се прекршени одредби од Законот за јавни претпријатија и Статутот на Општина Битола.

    „Ќе покренам иницијатива до Државниот инспекторат за локална самоуправа за да се изврши вонреден инспекциски надзор врз работата на Советот во вршењето на неговата надлежност по член 22 точка 32 од Стаутот на Општина Битола според која, Советот именува членови во управни и надзорни одбори во јавни претпријатија што ги основа и при именувањето на нови им престанува мандатот на досегашните членови. Тоа значи, Советот не може само да ги резреши без истовремено да именува нови како што беше направено вчера зашто тоа не е статутарно, а воедно на таков начин се доведува во прашање работата на јавните претпоријатија без управни органи за работа, се остава правен вакуум“, рече Коњновски.

    Тој смета дека случувањата имаат тенденција да се блокира градоначалникот и нема да ги потпише донесените точки додека постапката пред инспекторатот не заврши правосилно. Рече дека нема да дозволи високи партиски амбиции на одредени поединци и партиски пазарења да ѝ наштета на Битола.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира