КОНЧЕСТАТА АЛГА ВО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО Е РЕДОВНА ПОЈАВА НА ЛЕТО И НЕ Е ОПАСНА, ВЕЛАТ ОД ХИДРОБИОЛОШКИОТ ЗАВОД

    КОНЧЕСТАТА АЛГА ВО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО Е РЕДОВНА ПОЈАВА НА ЛЕТО И НЕ Е ОПАСНА, ВЕЛАТ ОД ХИДРОБИОЛОШКИОТ ЗАВОДОд Хидробиолошкиот завод велат дека кончестата алга или кладофора е редовна појава во месеците јуни и јули. По овој период таа се повлекува. (Фото: СДК.МК)

    Појавата на кончестата алга во водите на Охридското Езеро е вообичаена појава, карактеристична за овој период од годината, вели Сузана Патчева специјалист за фитопланктон во Хидробиолошкиот завод во Охрид.

    „Кончестата алга или кладофора е редовна појава во месеците јуни и јули. По овој период таа се повлекува. Се појавува со зголемување на температурите и на светлината. Сега може да се види кај пристаништето и на други делови од брегот каде се присутни нутриенти. Таа не претставува опасност за луѓето и за живот свет во Езерото, но е непријатна кога се гледа. Охридското Езеро е чисто олиготрофно езеро пријатно за капачите”, вели Патчева.

    Патчева напоменува дека појавата на кончестата алга не е резултат на големите климатски промени што се регистрирани на светско ниво.

    Д. ЧУБРИЌ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира