КОНЕЧНО ПОЧНА ЧИСТЕЊЕТО НА ТЕТОВСКАТА ДИВА ДЕПОНИЈА

    КОНЕЧНО ПОЧНА ЧИСТЕЊЕТО НА ТЕТОВСКАТА ДИВА ДЕПОНИЈАСметот од градот и приградските населби кој дневно ќе се собира сега директно со камиони ќе се носи до претоварната станица, тука сметот ќе се компресира во 4 големи контејнери и така ќе се транспортира до скопската депонија Дрисла (Фото: СДК.МК)

    По неколку одложувања, денеска конечно започна со работа претоварната станица на која ЈКП Тетово ќе го складира и од каде ќе го транспортира градскиот смет. Сметот од градот и приградските населби кој дневно ќе се собира сега директно со камиони ќе се носи до станицата, тука сметот ќе се компресира во 4 големи контејнери и така ќе се транспортира до скопската депонија Дрисла.

    „Конечно успеавме и овој проблем да го решиме. Ова е решение на собирање на отпадот без тој да дојде во контакт со почвата. Така ќе работиме и за заштита на почвата каде до сега се депонираше сметот. Наредна фаза во третманот со градскиот смет ќе биде изградба на станица каде прво ќе се селектира отпадот, а потоа ќе се транспортира во депонијата Дрисла. И како трета фаза во наредниот период ќе ни биде договорена со швајцарска агенција за развој, кои ќе бидат директни инвеститори и проектатнти на решението за депонијата Русино во Гостивар“, изјави градоначалничката на Општина Тетово Теута Арифи.

    Со почетокот на работата на оваа транспортна станица се очекува за кратко време целосно да се исчисти дивата депонија која се наоѓаше на влезот во градот.

    Целата оваа инвестиција околу изградбата на транспортната станица изнесува околу 150.000 евра.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира