КОНГРЕСЕН ЦЕНТАР АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ПАК ЌЕ СЕ ВИКА УНИВЕРЗАЛНА САЛА

    КОНГРЕСЕН ЦЕНТАР АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ПАК ЌЕ СЕ ВИКА УНИВЕРЗАЛНА САЛАНа 15 мај, скопскиот градоначалник Петре Шилегов и тогашниот министер за култура Роберт Алаѓозовски потпишаа договор дека догодина ќе почне реновирањето на Универзална сала (Фото: СДК.МК)

    Концертната сала во Скопје повторно ќе се вика Универзална сала, а не Конгресен центар Александар Македонски. Новиот управен одбор, назначен по доаѓањето на функцијата на градоначалникот Петре Шилегов, донел одлука да се врати старото име Универзална сала, бидејќи тоа е еден од симболите на Скопје и по тоа има концертната сала е препознатлива.

    Од кабинетот на градоначалникот Шилегов ни изјавија дека одлуката ќе биде ставена на дневен ред на наредната седница на Советот на Град Скопје, која ќе се одржи на 10 октомври.

    Универзална сала беше прекрстена во Конгресен центар Александар Македонски во јануари 2015, додека градоначалник беше Коце Трајановски.

    Универзална сала веќе две и пол години е затворена за посетители. Градоначалникот Шилегов во мај најави дека изградбата на новата концертна сала ќе почне вгодина. На 15 мај Шилегов и тогашниот министерот за култура Роберт Алаѓозовски потпишаа договор заеднички да се финансира реновирањето, а проектот допрва ќе се прави и избира. Како што кажа Шилегов, во Градот постојат три проекти но ниту еден од нив не бил соодветен и во наредниот период ќе се доразработуваат за да се избере најсоодветно решение.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира