Две вработени е едно повозрасно лице сместено во Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово се заразени со коронавирус, ја споделија од установата оваа информација на Фејсбук.
„Денеска ја примивме веста дека две наши колешки се позитивни на коронавирус. Истите се во изолација од 07.04. 2020 година, откако беа тестирани со дел од персоналот. Тестирањето беше иницирано по несреќен случај на враќање од лекување на наша корисничка која претходно била хоспитализирана во Кумановската болница заради неодложни здравствени проблеми, по што е сместена во соба за изолација во домот. Други заразени помеѓу вработените, ниту пак кај корисниците нема“, соопштија од Домот.
Од Домот дека од почетокот на кризата со коронавирусот ги имаат превземено сите неопходни мерки за превенција и се користи комплетна заштитна опрема.
Во Куманово досега има 306 регистрирани болни од коронавирус.
С. НИКОЛИЌ