Охридската бела флота остана закотвена на сидриштата. Нема административна забрана за пловење поради КОВИД-19, но поради занемарливот број на гости во Охрид, бродарите останаа без работа.
„По воведувањето на вонредните мерки во март, охридските бродари не добија забрана за пловење по Охридското Езеро, но поради немање гости, тие не пловат. Нема интерес за прошетки по eзерото и тоа е единствената причина поради која овие пловни објекти останаа закотвени во сидриштата на брегот. Какви ќе бидат штетите врз бродарството, ќе се знае кога ќе се направат потемелни анализи”, вели капетанот на Капетанијата на македонските пристаништа Горан Устијаноски.
Во Охрид изминатите години пловеа шест големи бродови и околу 20 катамарани, кои последниве години ги набавија приватни лица и фирми.
Д. ЧУБРИЌ