КОСОВСКА ФИРМА НА 12 ЛОКАЦИИ ВО ОПШТИНА ЧАИР ЌЕ ГРАДИ КАТНИ ГАРАЖИ И ПОДЗЕМНИ ПАРКИНЗИ

    КОСОВСКА ФИРМА НА 12 ЛОКАЦИИ ВО ОПШТИНА ЧАИР ЌЕ ГРАДИ КАТНИ ГАРАЖИ И ПОДЗЕМНИ ПАРКИНЗИСпоред меморандумот, кој го потпишаа градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу и сопственикот на „Мабетекс“ Беџет Пацоли, ќе се добијат 3.000 паркинг места. (Фото: Општина Чаир)

    Општина Чаир денеска потпиша меморандум со косовската фирма „Мабетекс“ за изградба на катни гаражи и подземни паркинзи во Општината. Според меморандумот, кој го потпишаа градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу и сопственикот на фирмата „Мабетекс“ Беџет Пацоли, ќе се градат катни гаражи и подземни паркинзи на 12 локации, за да се реши проблемот со паркирањето во Општината.

    „Ќе се добијат 3.000 нови паркинг места низ Општината. Една од локациите каде се обезбедат нови места е и паркинг под Плоштадот Скендербег. Инвеститорот е глобалата фирма ‘Мабетекс’, која секој договор досега го има завршно со најголема сериозност во предвидено време, без никакво задоцнување и во големо ниво на квалитет“, рече градоначалникот Ганиу.

    Вкупната инвестиција е 50 милиони евра. Инвеститорот откако ќе ги изгради паркиралиштата ќе стопанисува со нив.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира