КОВИД-19 ЈА ЗЕДЕ ВТОРАТА ЖРТВА ВО РЕСЕН, ПОЧИНА 41 ГОДИШЕН СПОРТИСТ

    КОВИД-19 ЈА ЗЕДЕ ВТОРАТА ЖРТВА ВО РЕСЕН, ПОЧИНА 41 ГОДИШЕН СПОРТИСТПрвиот потврден случај на КОВИД-19 во Ресен беше регистриран на 10 јуни (Фото: СДК.МК)

    Коронавирусот ја зеде и втората жртва во Ресен. Вчера во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје од компликации предизвикани од КОВИД-19 почина 41-годишниот Илче Котески, преседател на ракометниот клуб „Преспа“ и негов поранешен капитен.

    Ресен три месеци немаше регистрирано ниту еден забоелен од КОВИД-19, а само во последните две недели веќе има 87 заболени и двајца починати. Првиот потврден случај беше на 10 јуни.

    Котевски е ресенчанецот за кого пред неколку дена се бараше крвна плазма на социјалните мрежи за Б позитив крвна група. Беше објавено дека лекарот Мирослав Бошковски од Куманово на 35 години донираше крвна плазма за да го спаси животот на четириесетгодишниот пациент што се лекуваше во „8 Септември“.

    Вчера во Ресен беа регистрирани нови 12 заболени од КОВИД-19.

    Министерот за здравство Венко Филипче на прес конференција кажа дека новодијагностицираните случаи во Ресен потекнуваат од семејни настани на кои не се почитувале превентивните мерки. Тој ја пофали локалната власт дека реагирала добро затоа што во соработка со компаниите се затворија погоните во период од 2 недели и се намали интензитетот на контакти. „Овој број на заболени кои сега го имаме не е неочекуван, но е значајно помал од она што можеше да се случи ако немаше затварање на погоните“, рече министерот за здравство Венко Филипче.

    Ж.ЗДРАВКОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира