КРАТЕР НА БРАНАТА БУЧИМ ГО ИСПРАЗНИ РАДОВИШКО ТОПОЛНИЦА, ЖИТЕЛИТЕ СЕ ПЛАШАТ ДА СПИЈАТ ДОМА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:47:"Радовиш,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    КРАТЕР НА БРАНАТА БУЧИМ ГО ИСПРАЗНИ РАДОВИШКО ТОПОЛНИЦА, ЖИТЕЛИТЕ СЕ ПЛАШАТ ДА СПИЈАТ ДОМА

    Кратер со длабочина од десетици метри на насипот од браната за хидројаловиште на рудникот Бучим, го испразни радовишко Тополница. Речиси сите домаќинства, плашејки се за своите животи со денови не спиеле во своите домови. Како што не информираа жителите од Тополница, кратерот се појавил минатата недела на 15 август на котата 64, откако недела дена претходно, низ главниот колектор, почнало да тече јаловина. Плашејќи се дека насипот ќе биде пробиен и ќе протече складираната јаловина над нивните глави, со импровизирани сирени за опасност, тополчани заминале кај своите најблиски. Недела дена по инцидентот сеуште постои страв кај жителите на ова село, каде живеат исклучиво Турци, а како што тврдат никој од надлежните ги нема посетено

    “Живееме во страв. Се појави огромна дупка и беше опасно. Веднаш помисливме дека ќе се случи некоја катастрофа оти претходно во реката што тече низ селото се појави јаловина. Речиси цело село не спиевме овде со денови. Сега почна да се нормализира животот полека, но само преку ден, а ноќе на спиење одеме кај познаници и се собираме кај соседите што имат куки кај магистралниот пат”, вели Шукри Илијази, секретар на селото кој тврди дека тој лично со неговото семејство на спиење не остануваат во домот
    Од рудникот Бучим потврдија дека минатата недела заради однесен песок од јаловиштето се појавил кратер на насипот на хидројаловиштето Тополница. На 17 и 18 веднаш биле превземени мерки за санација при што во кратерот се уфрелени 300 тони силикатен камен и 300 тони камен од Бучим со специјална традежна техника.
    “Нема опасност за стабилноста на насипот. Кратерот е пополнет и дојде до обновување на дренажниот тепих и водата од колекторот потполно се избистри. Уште еднаш потенцираме дека овој настан со ништо не ја загрози стабилноста на браната”, не информираше управителот на Бучим Николајчо Николов
    Селото Тополница се наоѓа во подножејто под самата брана на Бучим оддалечено само стотини метри. Има околу 125 домакинства со околу 700 жители.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира