КРОС ПАТЕКА ЗА ТРКИ СО МОТОРИ СЕ ГРАДИ КАЈ АКВАДУКТОТ, ИНСПЕКТОРИ НА ГРАД СКОПЈЕ БАРААТ КОЈ ЈА ПРАВИ

    КРОС ПАТЕКА ЗА ТРКИ СО МОТОРИ СЕ ГРАДИ КАЈ АКВАДУКТОТ, ИНСПЕКТОРИ НА ГРАД СКОПЈЕ БАРААТ КОЈ ЈА ПРАВИОколу Аквадуктот кој лани Владата го прогласи за споменик од особено значење деновиве со камиони се носи земја, песок и гуми. (Фото: СДК.МК)

    Крос патека за трки со мотори се гради кај скопскиот аквадукт. Околу аквадуктот кој лани Владата го прогласи за споменик од особено значење деновиве со камиони се носи земја, песок и гуми.

    Од „О2 Иницијатива“ на својата Фејсбук страна објавија фотографии од камиони кои носат земја за трасирање на крос патеката велејќи дека режимот на заштита на аквадуктот забранува да се внесуваат капацитети или да се воведуваат нови намени што предизвикуваат бучава, вибрации и загадување на околината.

    „ Поднесовме претставка до Управата за заштита на културно наследство, Инспекторатот на Град Скопје и Општина Карпош, Да видиме колку се почитува Одлуката за овој споменик како културно наследство од исклучително значење“, велат од „О2 Иницијатива“

    Од Инспекторатот на Град Скопје велат дека уште вчера попладне по пријава излегле на терен и забележале дека се прави патека бидејќи имало истурено земја и поставени гуми.

    „Инспектори и денеска беа на локацијата, но не затекнаа никого за да може да се знае кој ги врши овие активности и на кого да му пишеме пријава. И попладне ќе излеземе на терен, а во меѓувреме издаден е налог просторот да биде исчистен односно гумите и земјата да се отстранат“, велат од Инспекторатот на Град Скопје.

    Со одлуката на Владата од лани Аквадуктот сега се вбројува во уставната категорија „добра од општ интерес за Република Северна Македонија“ и ужива посебна заштита во смисла на Уставот и Законот за заштита на културното наследство.

    „Со ревалоризацијата на аквадуктот е опфатено и прашањето за категоризација на доброто според неговото значење, а со тоа и прашањето за режимот на заштита. Одлуката овозможува трајно зачувување на Аквадуктот и на неговите вредности во културна и историска смисла, како и во однос на заштитата на архитектурата, на социјалниот, едукативниот, туристичкиот и економскиот  аспект на локалитетот. Со тоа се овозможува конечно да започне и неговата физичка заштита“, рекоа лани во април од Министерството за култура.

    Аквадуктот сега е во одредени делови е пред распаѓање, тулите од столбовите паѓаат, а уште во 2019 година од Конзерваторскиот центар поднесоа пријава до непознат сторител бидејќи беа уништени 10 столбови. Тогаш полицијата го чуваше аквадуктот за да не дојде до негово целосно уништување.

    А. АНТЕВСКА

     

     

    Нема никој таму, втроа смена пак ќе ги пратиме. Да се исчистат гумите и ќе се

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира