КРВОДАРИТЕЛСТВОТО МЕЃУ ВЕЛЕШКИТЕ МАТУРАНТИ ВО ПОСТОЈАН ПАД, СОБРАНИ ДВОЈНО ПОМАЛКУ ЕДИНИЦИ КРВ ОД ЛАНИ

    КРВОДАРИТЕЛСТВОТО МЕЃУ ВЕЛЕШКИТЕ МАТУРАНТИ ВО ПОСТОЈАН ПАД, СОБРАНИ ДВОЈНО ПОМАЛКУ ЕДИНИЦИ КРВ ОД ЛАНИВо четирите средни училишта собрани се 80 крвни единици, а пред една година 153 (Фото: СДК.МК)

    Во есенските крводарителски акции, во четирите велешки средни училишта собрани се 80 крвни единици. Од нив 45 се машки, а 35 женски дарители. Тоа е далеку помалку од пролетната акција, кога се собраа 118 единици или од ланската есенска, кога имало 153 дарители на крв.

    „Учениците од четврта година, кои можат да даруваат крв и се полнолетни, ги има помалку од лани. А, кога има помалку ученици, ќе има и помалку собрани крвни единици“, изјави Орце Николов, секретар на Општинската организација на Црвениот крст од Велес, која заедно со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје беше организатор на акциите.

    Последната крводарителска акција се одржа во гимназијата „Кочо Рацин“, кога беа собрани 25 крвни единици. Најмногу дарители имаше во Економското училиште „Јовче Тесличков“, каде што од 55 ученици во четврта година крв даруваа 26, додека во „Коле Неделковски“, кое има најмногу, 118 ученици, се собраа само 18 единици.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира