КУЧЕТО МЕНДА ШТО БЕШЕ ОТРУЕНО НА ПЛОШТАДОТ ВО ОХРИД ВДОМЕНО ВО ХОЛАНДИЈА

    КУЧЕТО МЕНДА ШТО БЕШЕ ОТРУЕНО НА ПЛОШТАДОТ ВО ОХРИД ВДОМЕНО ВО ХОЛАНДИЈАМенда едвај беше спасена по труењето што се случи пред еден месец (Фото: Фејсбук)

    Кучето Менда, кое пред повеќе од еден месец беше затруено на градскиот плоштад во Охрид, е вдомено во Холандија, кај пријатели на познатиот охридски активист за заштита на животни Климент Арнаудов.

    „Менда беше бездомно кутре, сакано и галено од дел од охриѓаните, но и туристите, кое пред нецела година ја стерилизиравме и на смени една недела дежуравме во импровизирана просторија. Потоа ја вративме на улица, за пред еден месец да ја затрујат. Едвај успеавме да ја спасиме, за на крај, со несебичната пожртвуваност на моите пријатели А. и В. таа се вдоми во Холандија”, напиша Арнаудов на Фејсбук.

    Тој вели дека и натаму нема информации за истрагата за труењата што се случија во центарот на градот, каде речиси на секој трет објект има камера. Пред повеќе од еден месец, од засега непознати сторители беа отруени три улични кучиња, од кои едно умре.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира