КУМАНОВСКАТА БОЛНИЦА ЌЕ КУПИ НОВИ АПАРАТИ ВРЕДНИ 100.000 ЕВРА

    КУМАНОВСКАТА БОЛНИЦА ЌЕ КУПИ НОВИ АПАРАТИ ВРЕДНИ 100.000 ЕВРАНајголемиот дел од средствата ќе биде потрошен на нов стерилизатор (Фото: СДК.МК)

    Општата болница Куманово до крајот на годината планира да потроши над 100.000 евра сопствени средства за набавка на најнеопходните апарати за нормално функционирање на одделенијата. Во тек е јавна постапка за набавка на најскапиот апарат, современ стерилизатор, кој чини близу 80.000 евра.

    „Стерилизаторот е по сите најсовремени стандарди, со најголем капацитет од 475 литри. Ќе служи за стерилизација на болнички инструменти и алишта, како и на пластични делови на инструменти. Ќе биде користен главно од хируршките гранки, акушерскиот оддел и другите оддели што имаат потреба од стерилизација. Ова е капитална инвестиција, што моравме да ја извршиме, бидејќи постојните што ги имаме на хирургија и на другите оддделенија се толку многу стари што веќе не постои ни сервис за нив. Ги поправавме безброј пати, меѓутоа ако сакаме да работиме по сите стандарди, не смееме да си дозволиме вакви импровизации“, изјави директорката Снежана Захариева.

    Во годишната програма за опремување на Кумановската болница планирана е и набавка на повеќе ЕКГ апарати, холтери за следење на срцев ритам, стробоскоп, ларингоскоп и гастроскоп, бидејќи постојните се веќе расипани или истрошени.

    Во болницата наскоро треба да започне со работа новиот Ургентен центар, со што ќе се подигне квалитетот на услугите за пациентите.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира