КУМАНОВЦИ ГИ ЛОВАТ КУЧИЊАТА СКИТНИЦИ ВО СТРУМИЦА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"Струмица,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    КУМАНОВЦИ ГИ ЛОВАТ КУЧИЊАТА СКИТНИЦИ ВО СТРУМИЦА

    Кучињата скитници се горлив проблем за Струмица, а бидејќи нема  свое прифатилиште, веќе две години Општината  ангажира  фирми кои вршаат заловување на кучињата  и нивен хуман третман во прифатни центри, согласно Законот за заштита и благосостојба на животните. Но по вакцинирањето,  кучињата повторно се враќаат по струмичките улици. Иако според ветеринарите овие кучиња не напаѓаат,  кај струмичани предизвикуваат страв и паника, посебно кога кучињата бездомници  се движаат во поголем број.

    „Ги има насекаде и секако дека се потенцијална опасност за пешаците. Не сум имала проблем досега, но дел од граѓаните се жалат.  Некои се со ушни маркички, некои не. Страв ми е, затоа кога наидувам на нив вообичаено ги заобиколувам“,  вели струмичанката  Тинче Митева  која апелираше  до локалните власти да ангажира шинтерска служба, а сопствениците на кучиња да не ги оставаат на улица.

    Најмногу кучиња има на струмичкиот плоштад, но ги има и во градскиот парк и во близина на училиштата и градинките. Обично се движат околу контејнерите барајќи храна.  До локалните власти засега нема пријавено случај на каснување од куче скитник, но од таму потврдуваат дека на нивна адреса има голем број реакции за уличните кучиња.

    По заловувањето кучињата се транспортираат до прифатилиштето во Куманово, каде што се врши хуман третман, се вакцинираат против беснило, им се отвара пасош, се обележуваат со ушни маркички, се чипираат и се враќаат на местото на заловување, вели Кирил Парталов, секретар на Општината, кој апелира струмичани своите миленици и да не ги оставаат на улица (Фото: СДК.МК)

    По заловувањето кучињата се транспортираат до прифатилиштето во Куманово, каде што се врши хуман третман, се вакцинираат против беснило, им се отвара пасош, се обележуваат со ушни маркички, се чипираат и се враќаат на местото на заловување, вели Кирил Парталов, секретар на Општината, кој апелира струмичани своите миленици и да не ги оставаат на улица (Фото: СДК.МК)

    „Ова е комплексно прашање. Како Општина, од  јули 2015 по претходно распишани тендери имаме ангажирано фирми кои вршат заловување на кучиња. Таа работа прво ја вршеше фирмата ‘Анри вет’ од Богданици, а сега ‘Тодор Велков’ од Куманово. Постапуваме согласно законската регулатива.  Еве, во месец  декември заловени се  вкупно 21 куче скитник. По заловувањето кучињата се транспортираат до прифатилиштето во Куманово, каде што се врши хуман третман, се вакцинираат против беснило, им се отвара пасош, се обележуваат со ушни маркички, се чипираат и се враќаат на местото на заловување“, вели Кирил Парталов, секретар на Општината, кој смета дека и граѓаните треба да бидат сериозни кон своите миленици и да не ги оставаат на улица.

    Според него, едно заловено куче и негов третман и престој во Куманово Општината ја чини околу 8 илјади денари, и за оваа услуга за месец  декември  биле исплатени околу  170 илјади денари општински пари, иако кучињата повторно се враќаат во Струмица.  Парталов  вели дека како општина размислувале да ја отпочнат постапката за изградба на свој прифатен центар каде ќе бидат сместени кучињата бездомници кои ќе се заловуваат, но за тоа ќе треба да придонесе и државата.

    „Законот налага да се изгради прифатилиште најмалку на 500 метри одалеченост од населено место и тоа треба да биде со целосна комунална инфраструктура. Значи, државата треба да отстапи земјиште за да го урбанизираме за таа намена, па потоа да се гради. Ние како општина немаме такво земјиште. Потоа, прифатилиштето според правилникот на Законот за заштита и благосостојба на животите, треба да има дури 10 простории и тоа за прием, преглед, за сместување, за изолација, постоперативна нега, простории за чување храна, за персоналот, ладилник за собирање лешеви. Што значи дека не само општините, туку и државата треба да размислува за овој проблем, бидејки оваа материја не е едноставна иако ваквите прифатни центри може да се градат и по пат на јавно приватно парнерство“, вели Парталов.

    Едно заловено куче и негов третман и престој во Куманово, Општината ја чини околу 8 илјади денари, и за оваа услуга за месец декември биле исплатени околу 170 илјади денари општински пари, иако кучињата повторно се враќаат во Струмица (Фото: СДК.МК)

    Едно заловено куче и негов третман и престој во Куманово, Општината ја чини околу 8 илјади денари, и за оваа услуга за месец декември биле исплатени околу 170 илјади денари општински пари, иако кучињата повторно се враќаат во Струмица (Фото: СДК.МК)

    Прифатилишта за животни  во источниот дел на Македонија има во Богданци, Кавадарци и Куманово, но ниту една општина нема свој прифатен центар стационар за кучињата скитници. Многумина сметаат дека овој проблем треба да се решава регионално, со што трошоците за изградба на прифатилишта би се распоредиле на повеке локални самоуправи, а паралелно ќе се реши проблемот во повеќе општини, за што е потребна помош од државата.

    Парталов  смета дека  во Македонија недостасуваат специјализирани фирми за прифаќање и хуман третман на кучињата, бидејки законската регулатива, усогласена по теркот  на ЕУ е премногу ригорозна во тој поглед,  илустрирајќи дека прифатните центри треба да бидат како „хотели за животни“, што во македонски услови е тешко изводливо.

    „Не само општините, туку за овој проблем треба да се ангажираат и здруженијата за заштита на животните, потоа кинолошките друштва но и граѓаните кои ги напуштаат своите миленици, значи целата заедница ако сакаме заштита и благосостојба на животните“, вели Парталов.

    Во Струмица нема активни здруженија за заштита на животните, поради што граѓаните најмногу реагираат по социјалните мрежи , кога ќе се појави поголема група кучиња бездомници или пак заболени кучиња се  шетаат по струмичките улици. Освен што бараат изградба на стационар во непосредна близина на градот, бараат и од ветеринарните инспектори поголема контрола врз сопствениците на кучињата,  односно да се има реална база кој сѐ чува миленик и колку се грижат за нив, бидејки законската регулатива  предвидува  казни и за сопствениците на домашни миленичиња . Глоба од 30 евра ако редовно не го вакцинира или ако го напушти своето куче, а казна од 30 евра ако кучето го шета на јавни места без  поводник. Казни се предвидени и ако се чува куче во дворно место, а на видливо место нема поставено табла за укажување.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира