ЛАНИ ИМАЛО ПОВЕЌЕ НЕСРЕЌИ И ЖРТВИ ПО ПАТИШТАТА ВО ВЕЛЕШКО ОД 2020, ИАКО СЕ ЗГОЛЕМИЛ БРОЈОТ НА СООБРАЌАЈНИ КОНТРОЛИ

    ЛАНИ ИМАЛО ПОВЕЌЕ НЕСРЕЌИ И ЖРТВИ ПО ПАТИШТАТА ВО ВЕЛЕШКО ОД 2020, ИАКО СЕ ЗГОЛЕМИЛ БРОЈОТ НА СООБРАЌАЈНИ КОНТРОЛИШест лица загинаа во сообраќајните несреќи лани и ниту едно од нив не бил пешак (Фото: СДК.МК)

    Минатата година, на подрачјето на Велес и Велешко се зголемил бројот на сообраќајни несреќи, но и на жртви. Според податоците на СВР Велес за општините Велес, Чашка и Градско, евидентирани се 338 сообраќајни незгоди, 26 повеќе од 2020.

    Лани на патиштата во Велешко имало шест жртви во сообраќајните несреќи, една повеќе од 2020. Според СВР Велес, ниту еден од нив не бил пешак. Во 2019 година се случиле 338 сообраќајни незгоди со две жртви, што е најмал број во изминатите дваесетина години во Велес.

    Во 2021 и екипите на Итната помош имале зголемен број интервенции при сообраќајни несреќи – 152. Во 2020 биле 136, а во 2019 имало 122 интервенции на терен.

    СВР Велес во текот на минатата година реализираше бројни сообраќајни контроли, при кои се казнуваа учесниците во сообраќајот за брзо возење, неправилно престигнување, непочитување предимство, непочитување на минување на пешачки премин, возење во алкохолизирана состојба и користење мобилен телефон во возење. Но, и покрај овие активности, се зголемил бројот на сообраќајки и жртви по патиштата во Велешко.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира