ЛАЖНИ АКТИВИСТИ НА ЦРВЕН КРСТ ГИ ОГРАБУВААТ ИСПАНИЧЕНИТЕ ОХРИЃАНИ

    ЛАЖНИ АКТИВИСТИ НА ЦРВЕН КРСТ ГИ ОГРАБУВААТ ИСПАНИЧЕНИТЕ ОХРИЃАНИОхриѓани се вознемирени од серијата земјотреси (аматерска фотографија)

    Црвениот крст од Охрид ги предупреди сограѓаните да не наседнуваат на приказните од непознати лица што во име на Црвениот крст ги советуваат да ги напуштат домовите по серијата земјотреси што се случија во Охридско.

    „Поради забележена појава на лица во станбени делови во Охрид, кои лажно се претставуваат како вработени, односночленови на Црвен крст и им советуваат на станарите на некои згради да ги напуштат становите, укажуваме до населението во Охрид да останат разумни и присебни и да не подлегнуваат на најразлични манипулации и лаги“, соопшти Црвениот крст.

    Тие случајот го пријавиле во полиција затоа што откриле дека овие измамници одат кај постари лица за да ги ослободат становите за да може полесно да се краде.

    Црвен крст Охрид има свој претставник во Кризниот штаб на Општина Охрид и е во постојана комуникација и заедничко дејствување со надлежните институциии, стои во соопштението на Црвен крст Охрид.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира