ЛЕКАРИТЕ АПЕЛИРААТ ДА СЕ ПРАВАТ РЕДОВНИ САМОПРЕГЛЕДИ И МАМОГРАФИЈА ЗА РАК НА ДОЈКА, А НЕМА ТЕРМИНИ ВО ЈАВНОТО ЗДРАВСТВО

    ЛЕКАРИТЕ АПЕЛИРААТ ДА СЕ ПРАВАТ РЕДОВНИ САМОПРЕГЛЕДИ И МАМОГРАФИЈА ЗА РАК НА ДОЈКА, А НЕМА ТЕРМИНИ ВО ЈАВНОТО ЗДРАВСТВОМ-р Денис Арсовски од Високата медицинска школа во Битола предаваче на едукативната работилницата за постоперативна рехабилитација кај рак на дојка. (Фото: СДК.МК)

    Ракот на дојка најрано може да се појави после пубертетот, затоа е неопходно да се практикуваат самопрегледи редовно секој месец, а од 35 години да се прави и мамографија, рече предавачот м-р Денис Арсовски од Високата медицинска школа во Битола на едукативна работилницата за постоперативна рехабилитација кај рак на дојка, а во организација на Битолскиот универзитет.

    „Самопредгледет се прави редовно еднаш месечно, пет до десет дена од почеток на менструацијата, најидеално е седмиот ден. Исто и при бременост, менопауза, нередовни менструации еднаш месечно, се избира еден ден и се практикува на истата дата и следниот месец“, рече Арсовски.

    Според Институот за јавно здравје околу 29 жени на 100.000 жители во Македонија заболуваат од рак на дојка. Во гобални рамки кон крајот на 2020 имаше 7,8 милиони жени со рак на дојка. Причините за појава на оваа болест уште не се јасни. Меѓу ризик факторите се дебелина, пушење цигари, намалена физичка активност, генетски предиспозиции, доцна менопауза, јонизирачко зрачење и друго.

    Лани во Македонија починале 356 жени од рак на дојка, што е највисока бројка од 2010 до денес, покажува извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Во Македонија, вели ИЈЗ, најчеста причина за смрт од малигни неоплазми кај жените во периодот 2010-2022 година е малигната неоплазма на дојка.

    „За жал, над 50-годишна возраст имаме зголемена смртност кај овие пациентки, како и премногу зголемена инвалидност како резултат на постоперативните компикации кои настануваат зашто се јавува проблем кај лимфните јазли, лимфоедем кој го попречува функционирањето на гориот екстремитет поради отстранување и на дел од мускулот. Сè зависи од тоа до кој стадиум е дојден ракот“, рече Арсовски.

    Во месецот на борба против рак на дојка, здравствените власти апелираат дека секоја жена треба да оди на прегледи, а слободни термини во здравствените институции нема со месеци. Ако пациентката се сомнева на рак, за да реагира брзо мора да закаже преглед во приватните болници. Од друга страна, лекарите велат дека повеќе од 90% од заболените од карцином на дојка може да се излечат ако дијагнозата се постави во рана фаза и се лекуваат правилно.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира