Ова лето низ Скопје ќе се реконструираат и прошируваат 11 улици, од Град Скопје најавуваат дека од наредната недела почнува градежната офанзива во која се предвидени интервенции во сите скопски општини.
Планирана е изградба или проширување булеварот Борис Трајковски од Пинтија до Драчево, булевар АСНОМ, од булеварот Гоце Делчев до влезот на Керамидница, на улица Васко Карангелевски, на потегот од булеварот Јане Сандански до булеварот Трета македонска бригада, како и почетокот на проектот за кружен тек кај „Хубо маркет” и клучка кај Момин поток.
„Покрај изведба на нови коридори, ќе се врши и реконструкција на постојниот коловоз на улиците Бутелска, Теодосиј Гологанов, Лука Геров, Индира Ганди, на булеварите Киро Глигоров, Кузман Јосифовски Питу и Крсте Мисирков”, велат од Град Скопје.