ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТИ ОД ВЕЛЕС ЌЕ ОДГЛЕДУВААТ ЛАВАНДА И ДРУГИ ЛЕКОВИТИ БИЛКИ

    ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТИ ОД ВЕЛЕС ЌЕ ОДГЛЕДУВААТ ЛАВАНДА И ДРУГИ ЛЕКОВИТИ БИЛКИЦелта на проектот е социјално вклучување и работно ангажирање на лицата со попречености (Фото: СДК.МК)

    Лица со церебрална парализа и нивните родители од Велес започнаа со садење и одгледување на лаванда и други лековити билки заради нивно социјално вклучување и работно ангажирање. За почеток се засадуваше расад, кој подоцна ќе биде засеан на површина од три декари. Ова е проект на Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености од Велес и „Биовита“ од Кавадарци.

    „Со ова почнуваме и социјално претприемништво, за да може организацијата да опстојува и да црпи финансиски средства за други активности. Во план е набавка на дестилатор за изработка на етерични масла и сушара на сончева енергија за сушење на билките и подготовка на чаеви“, кажа Далиборка Златева, претседателка на Здружението.

    Освен лаванда, ќе бидат засадени и невен, босилек, чубрика, нане, смил и диво оригано. Покрај лицата со попреченост, во проектот треба да се вклучат и други поединци од маргинализираните групи.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира