ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ЌЕ МОЖАТ ДА СЕ ВОЗАТ ВО АВТОБУСИТЕ НА ЈСП СО КУЧЕ-ПРИДРУЖНИК

    ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ЌЕ МОЖАТ ДА СЕ ВОЗАТ ВО АВТОБУСИТЕ НА ЈСП СО КУЧЕ-ПРИДРУЖНИКОд ЈСП „Скопје“ апелираат до патниците да се воздржат од негативни реакции ако се во ситуација да се возат со лице со куче-придружник оти кучињата се безопасни и специјално дресирани за помош на лицата со посебни потреби. (Фото: СДК.МК)

    Лицата со посебни потреби ќе можат со куче-придружник да се возат во автобусите на ЈСП „Скопје“ и жичницата на Водно.

    Од претпријатието велат дека оваа одлука е донесена со оглед на фактот дека кучињата-придружници се од голема помош на посочената категорија лица, имајќи во предвид дека тие им се од голема корист како дополнително помагало во извршување на секојдневните обврски и активности.

    „Ги повикуваме сите корисници на нашите услуги да се воздржат од негативни реакции доколку се доведат во ситуација да се возат со лице со куче придружник, имајќи во предвид дека кучињата се безопасни по околината, тие се специјално дресирани со намена за придружба и движење на посочената категорија лица“, велат од ЈСП „Скопје“.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари