ЛОКАЛИЗИРАН ПОЖАРОТ ВО МЕГЛЕНЦИ, НО ОПАСНОСТА ОД РАЗГОРУВАЊЕ ОСТАНУВА

    ЛОКАЛИЗИРАН ПОЖАРОТ ВО МЕГЛЕНЦИ, НО ОПАСНОСТА ОД РАЗГОРУВАЊЕ ОСТАНУВАЗасега нема информации дали депонијата се самозапалила или пак пожарот бил подметнат.(Фото:СДК.МК)

    Локализиран е пожарот на депонијата за комунален смет Мегленци кај Битола. Дождот кој попладнево заврна во Битолскиот Регион и повеќечасовната акција за гаснење во која беа вклучени вработени лица од Јавното претспријатие „Комуналец“, Противпожарната служба од Новаци и Службата за техничка сигурност при РЕК „Битола“ помогнаа да се локализира пожарот кој беше проширен на два хектари од депонијата.

    Директорот на ЈП „Комуналец“ Панде Богоевски вели дека сепак опасноста не е помината затоа што внатре во сметот жариштето тлее и мора да се внимава да не дојде до ново проширување.

    Пожарот се гасеше со цистерни со вода, но и со натрупување земја во вид на насипи. Механизација од рудниците на РЕК беше вклучена во транспортирање на земја од РЕК со која се посипуваше депонијата за да се спречи повторно разгорување на огнот.

    Засега нема информации дали депонијата се самозапалила или пак пожарот беше подметнат. Раководството на компанијата не сака да шпекулира за причините, но велат дека е симптоматично тоа што пожарот избувнал во неделата попладнето кога нема дотур на смет во Мегленци.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира