ЉУБОЈНО ЌЕ СЛАВИ ПОЛА ВЕК ВОДОВОД СО ПРЕСПАНСКА СОФРА

    ЉУБОЈНО ЌЕ СЛАВИ ПОЛА ВЕК ВОДОВОД СО ПРЕСПАНСКА СОФРАЖителите на Љубојно со протестите во 2025  против голата сеча на дрвјата од шумата над селото го заштитија и водоводот. (Фото: Љубојно.мк)

    Жителите на преспанското село Љубојно со традиционална локална софра на 18 јули ќе одбележат 50 години од изградбата на водоводот во ова село. Настанот е закажан во 17 часот. Првиот фестивал на локални производи и специјалитети „Преспанска софра“ ќе има продажен карактер, а посетителите ќе можат да вкусат автентична македонска храна. Дел до настанот ќе биде и вечерта со староградска музика.

    Водоводот во Љубојно бил изграден во 1976  од жителите во организација на месната заедница кога претседател бил Петре Наумовски-Кичевски.

    Жителите на Љубојно со протестите во 2025  против голата сеча на дрвјата од шумата над селото го заштитија и водоводот. Тогаш постоеше и страв од контаминација на водата за пиење во селскиот резервоар. Но, со протестите запре сечата, се спаси дел од шумата и не дојде до оштетување на водоводот.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира