ЛУКСУЗНОТО „АУДИ“ ШТО МЕРКО ГО КУПИ ЗА 67.000 ЕВРА ЌЕ СЕ ПРОДАВА ПО ПОЧЕТНА ЦЕНА ОД 22.000 ЕВРА

    ЛУКСУЗНОТО „АУДИ“ ШТО МЕРКО ГО КУПИ ЗА 67.000 ЕВРА ЌЕ СЕ ПРОДАВА ПО ПОЧЕТНА ЦЕНА ОД 22.000 ЕВРАМерко беше обвинет за злоупотреба на службената положба оти го набавил автомобилот во време кога Општината била со блокирана сметка (Фото: СДК.МК)

    Општина Струга на аукција ќе го продава „аудито“ на бившиот градоначалник Рамиз Мерко по почетна цена од 1.344.636 денари (21.800 евра). Проценката за вредноста на автомобилот ја дал овластен експерт, а наддавањето ќе се одржи електронски на 16 март.

    „Со средствата од продажбата на автомобилот ќе се набави комбе кое ќе служи за потребите на општинската администрација и спортските клубови во градот“, велат од Општина Струга.

    Градоначалникот Менди Ќура вели дека ниту еднаш не ги користел автомобилите од возниот парк на Општина Струга, со цел максимална рационализација на високите трошоци создадени низ годините.

    Општина Струга го купи луксузното „ауди А6“ за 67.000 евра, а тогашниот градоначалник Мерко беше обвинет за злоупотреба на службената положба оти го набавил автомобилот во време кога Општината била со блокирана сметка. Судот донесе ослободителна пресуда поради непостоење основ за кривична одговорност.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира