МАЈКАТА И ЧЕТИРИТЕ ДЕЦА ИЗГОРЕЛЕ НА КАТОТ, СТАРИТЕ СЕ СПАСИЛЕ НА ПРИЗЕМЈЕТО

    МАЈКАТА И ЧЕТИРИТЕ ДЕЦА ИЗГОРЕЛЕ НА КАТОТ, СТАРИТЕ СЕ СПАСИЛЕ НА ПРИЗЕМЈЕТОПожарот избил во 3.30 часот и беше изгаснат во 7 часот утринава. - Изгорената куќа во Тетово (Фото: СДК.МК)

    Цело Тетово е потресено од трагедијата која изутринава му се случи на семејството Зулбеари кога во пожар загина триесет и девет годишната Фатиме Зулбеари и нејзините 4 деца на возраст од 4 до 13 години, три машки и едно женско дете. Пожарот избил рано изутринава околку 3.30 часот на вториот кат од нивната семејна куќа на улица Доце Делчев во месноста Певчина во горниот дел од Тетово. Огнот брзо се ширел и ги зафатил и двете соседни куќи. Веднаш на помош притрчале и соседите и почнале да го гаснат пожарот, а била повикана и против пожарната единица. Но, и покрај брзата интервенција не успеале да се спасат мајката и нејзините 4 деца.

    „Пожарот изби околу 4 часот. Во куќата тогаш биле Фатиме со нејзините 4 деца кои спиеле на спратот од куќата, а во приземјето биле нејзините свекор и свекрва. Мажот на Фатиме Суљо кога изби пожарот не бил дома бидејќи вечерта бил на работа, работи како ноќен чувар. Старите се спасија, а за мајката и децата сè уште не знаеме ништо. Тие ни рекоа дека биле на вториот спрат. Кога го гасневме пожарот не ги видовме. Најверојатно биле затрупани од паднати цигли и греди“, раскажува соседот Мусли Мемеди кој меѓу првите излегол да го гаси пожарот.

    „Страшно беше мислевме цело маало ќе изгори колку беше силен огнот. Пламенот се креваше до небо. Слушнав дека во огнот изгореле мајка и нејзините деца. Тоа е страшна трагедија“, возбудено зборува една од соседите на семејството Зулбеари.

    Откако бил пријавен пожарот брзо стигнала и против пожарната единица на Тетово која интервенирала со четири противпожарни возила и 13 пожарникари.

    „Во моментот кога дојдовме три куќи беа зафатени од пламените јазици, од кои на средната покривната конструкција беше целосно изгорена. Бидејќи куќите се една до друга и од постар датум, имаше опасност пожарот да ги зафати и другите куќи, меѓутоа со максимално залагање спречивме проширување на огинот на соседните објекти“, изјави Ука Алити командир на противпожарната единица на Тетово.

    Борбата со пожарот траела до 7 часот изутринава кога пожарот целосно е изгаснат. На местото претставници на полицијата и ОЈО вршат увид.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира