МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА ПРИВЛЕКУВА ТУРИСТИ СО НОВИ АЛАТКИ, СМЕТААТ ТУРИСТИЧКИТЕ РАБОТНИЦИ

    МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА ПРИВЛЕКУВА ТУРИСТИ СО НОВИ АЛАТКИ, СМЕТААТ ТУРИСТИЧКИТЕ РАБОТНИЦИСега глобалните трендови се поврзани со искуства - што повеќе искуства, толку подобро се продава дестинацијата. (Фото: СДК.МК)

    Трендовите на туристичкиот пазар покажуваат дека се потребни нови алатки за промоција на Македонија во регионот. Тоа се алатки кои се засноваат на дигитализацијата, на новото време кое го живееме.  Токму на оваа тема работеле од „ИМЕ“ програмата, при што биле создадени нови алатки. Меѓу нив се и дигитални каталози, кои овозможуваат посетителот веднаш да ја види понудата за дестинацијата.

    Трендовите на глобалниот пазар покажуваат дека се потребни нови алатки за промоција на државата како туристичка дестинација. Тие се засноваат на дигитализација на процесите. Работевме на тоа и произведовме интерактивни видеа, со што туристот ќе знае за каква дестинација станува збор, работевме на видеа во виртуелна реалност за да го почувствувате тоа што ве очекува на дадената дестинација. Сега глобалните трендови се поврзани со искуства. Што повеќе искуства, толку подобро ја продавате дестинацијата. Креиравме и дигитални каталози, кои овозможуваат веднаш да ја видите понудата на дестинацијата“, кажа Зоран Тодоровски, експерт за активен туризам.

    Во овој сектор сметаат дека оваа новина е согласно со времето во кое живееме. Пазарот е променет, има нови купувачи, нови генерации кои сè повеќе и повеќе ги користат социјалните мрежи како начин за пристап до туристичките локации. Македонија како држава мора да се прилагоди, да ги следи пазарот и новото време. Понудата опфаќа и посета на винарии.

    „Со отворањето на бројни семејни винарии, туризмот бележи раст. Целна група на Вардарскиот Регион се туристите од Србија, Романија, Унгарија, Словенија, Хрватска. Најчесто остануваат една вечер, продолжуваат за Грција, па на враќање дегустираат вино, го купуваат и заминуваат“, рече Гоце Попов, директорот на Здружението на мали семејни винарии.

    Последните две години овој бизнис е со поголем обем. Отворени се 200 нови мали семејни винарии, се градат сместувачки капацитети и сали за дегустации.

    П. ПЕЧКОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира