МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА СО ТРОЈЦА НЕЗАВИСНИ КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК И ТРИ НЕЗАВИСНИ СОВЕТНИЧКИ ЛИСТИ, ВО ШТИП, БЕРОВО И ДЕЛЧЕВО ГИ НЕМА

    МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА СО ТРОЈЦА НЕЗАВИСНИ КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК И ТРИ НЕЗАВИСНИ СОВЕТНИЧКИ ЛИСТИ, ВО ШТИП, БЕРОВО И ДЕЛЧЕВО ГИ НЕМАМакедонска Каменица е водечка во регионот во поглед на независните кандидатури (Фото: СДК.МК)

    Општините Штип, Берово, Делчево и Карбинци немаат независни кандидати за градоначалник, ниту независни советнички листи, додека во сите останати општини во регионот има по неколку кандидатури.

    Водечка е Македонска Каменица со тројца независни кандидати за градоначалник и три независни советнички листи, кои ги собраа потребните 100 потписи. Бившиот градоначалникот Перо Митревски прв ги собрал потписите во само еден ден. Носител на неговата советничка листа е Дарко Гоцевски, додека останатите двајца кандидати првпат излегуваат на избори и имаат свои советнички листи. Докторот Анѓелко Георгиевски ги собрал потребните потписи последниот ден. Носител на неговата советничка листа е Слободан Велиновски, а на хуманистот и претседател на еколошкото друштво „Здравец“, Миран Митревски, му требале два дена. Неговата листа ја предводи Зоран Витановски.

    За независните кандидатури во Општина Кочани беа потребни 250 потписи. Беа собрани од две независни листи, чии носители се Аки Акиов и актуелниот советник Венко Крстевски, додека Виница има една советничка листа на чело со Сејдо Салиов.

    Чешиново-Облешево и Зрновци имаат по една независна советничка листа, чии носители се Франческо Наков, односно Владо Ристов, кои ги собраа потребните 100 потписи. Пробиштип исто така е со две независни листи, на Дејан Ѓоргиев и Денис Тодоровски.

    Свети Николе има две независни кандидатури за градоначалник, Слободан Даневски и Ристо Андонов, а Лозово една – Јордан Павлов.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира