МАКЕДОНСКИ ПЛАНИНАРИ НА ЧЕЛО СО ВЕЛЕШАНЕЦОТ ТОДОР ГЕОРГИЕВ ЈА ИСКАЧИЈА НАЈВИСОЈКАТА ВУЛКАНСКА ПЛАНИНА ВО АЗИЈА, ДАМАВАНД ВО ИРАН

    МАКЕДОНСКИ ПЛАНИНАРИ НА ЧЕЛО СО ВЕЛЕШАНЕЦОТ ТОДОР ГЕОРГИЕВ ЈА ИСКАЧИЈА НАЈВИСОЈКАТА ВУЛКАНСКА ПЛАНИНА ВО АЗИЈА, ДАМАВАНД ВО ИРАНМакедонската експедиција три дена го искачуваше највисокиот врв во Иран (Фото: Т. Георгиев)

    Шестчлена планинарска експедиција од неколку македонски града во состав Ѓорги Белевски, Димитар Марков, Денис Тасески, Горан Дамевски и Трајче Насков, а предводена од искусниот планинар Тодор Георгиев од Велес, се искачи на врвот на највисоката вулканска планина во Азија, Дамаванд (5,671 метар).

    Највисокиот врв во Иран го искачувавме три дена. Пред тоа, за аклиматизација бевме на други врвови на планината Алборз, високи речиси до 4.000 метри. До 4.200 метри одевме пет часа по мошне топло и суво време и со многу прашина. На 25 јули, уште во 3 часот тргнавме кон врвот. Од 4.200 до 5.200 метри имавме тешко искачување по еден стрмен терен, каде што имаше ветер и поредок воздух. Притоа ни се приклучи и рускиот планинар Сергеј Дворјанов. На врвот бевме пред 9 часот. Таму останавме извесно време за заеднички да го прославиме успехот“, вели Георгиев, на кого ова му е второ искачување на Дамаванд.

    Оваа македонска експедиција и уште десетина други македонски планинари пред две години го освоија највискиот врв во Турција, Арарат, а минатата година се искачија и на највисокиот врв во Африка, Килиманџаро.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира