МАКЕДОНСКИТЕ ЗНАМИЊА ВО СТРУГА ЗАДОЦНИЈА ЗА ПРОСЛАВАТА НА АЛБАНСКОТО ЗНАМЕ И ЗАТОА НЕ БЕА СТАВЕНИ ПОРАНО, СЕ ПРАВДА ОПШТИНАТА

    МАКЕДОНСКИТЕ ЗНАМИЊА ВО СТРУГА ЗАДОЦНИЈА ЗА ПРОСЛАВАТА НА АЛБАНСКОТО ЗНАМЕ И ЗАТОА НЕ БЕА СТАВЕНИ ПОРАНО, СЕ ПРАВДА ОПШТИНАТАДенес низ главните улици на Струга и пред зградата на Општината ставени се и македонското и албанското знаме (Фото: Фејсбук)

    Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко вели дека во чест на прославата на Денот на албанското знаме – 28 Номеври, македонските знамиња во Струга пред два дена не биле ставени заедно со албанските бидејќи доцнеле неколку часа.

    „Македонските знамиња не беа поставени заедно со албанските бидејќи доцнеа два часа откако почна поставувањето на знамиња на поважните места низ Струга. Веднаш откако ги добивме, ги поставивме и македонските знамиња. Сега можете да видите дека двете знамиња се наоѓаат на најважните места на градот, како и на зградата на Општината”, изјави градоначалникот Мерко.

    Денес низ главните улици на Струга и пред зградата на Општината ставени се и македонското и албанското знаме.

    Пред два дена, на социјалните мрежи имаше бројни коментари на сметка на локалната власт во Струга и на градоначалникот Мерко дека поставил само албански знамиња. Имаше прашања каде се залагањата на првиот човек на Струга за соживот и мултиетничност, кога низ градот во очи на празникот на албанското знаме се веат само албански , а никаде го нема македонското знаме.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира