МАКЕДОНЦИ И БУГАРИ СО ТРКА ЈА ЗАПОЗНАА БЕЛАСИЦА

    МАКЕДОНЦИ И БУГАРИ СО ТРКА ЈА ЗАПОЗНАА БЕЛАСИЦАЦелата патеката беше долга 81,4 км и ја истрчаа најупорните, кои тргнаа од струмичкото село Смоларе и преку граничниот премин Ново Село до бугарското село Срт, за да финишираат во Петрич (Фото: СДК.МК)

    Околу 150 Македонци и Бугари пешачеа и трчаа по Беласица за да ги запознаат убавините на оваа планина при што ги искачуваа врвовите Сечена Скала на македонска територија висок 1.785 метри надморска височина и врвовите Радомир и Конгор на бугарската страна.

    Целата патеката беше долга 81,4 км и ја истрчаа најупорните, кои тргнаа од струмичкото село Смоларе и преку граничниот премин Ново Село до бугарското село Срт, за да финишираат во Петрич. Трката ја организираа членовите на планинарското друштвото Еделвајс од Струмица и клубот за екстремни спортови Белаекстрим од Петрич.

    „Немавме многу среќа. Беа пријавени околу 350 учесници, но поради лошото време дел се откажаа. Имаше дожд снег и ветар, но најупорните стасаа. Како организаторит на првиот ‘Беласица скај ран’ на сите учесници им честитам на храброста, желбата да се поминат сите тие километри. За жал, поради времето останаа многу убави глетки од Беласица невидени, многу убави реони неистражени“, вели Ристо Киров од Еделвјас.

    Учесниците имаа можност трчајќи и пешачејќи да ги видат природните реткости, но и културно историските-локалитети на Беласица од двете страни. Од бугарска страна по Беласица имаше трки со велосипеди, за да се презентираат убавините на оваа планина и да се афирмира за велосипедски прошетки.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира