МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА БАРААТ ДА СЕ ПРОШИРИ ИСТРАГАТА ЗА БУГАРСКИТЕ ПАСОШИ И ДА СЕ ЗАБРАНИ ДЕЈСТВУВАЊЕТО НА ФОНДАЦИЈАТА НА ВРАБЕВСКИ

    МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА БАРААТ ДА СЕ ПРОШИРИ ИСТРАГАТА ЗА БУГАРСКИТЕ  ПАСОШИ И ДА СЕ ЗАБРАНИ ДЕЈСТВУВАЊЕТО НА ФОНДАЦИЈАТА НА ВРАБЕВСКИСтерјовски кажа дека тоа е истата мрежа која се обидува да спроведе асимилација врз Македонците во Албанија, прикажувајќи ги како Бугари. (Фото: СДК.МК)

    Истрагата за мрежата вмешана во бизнисот со бугарски пасоши во Албанија, при што за пари се набавувале документи за бугарско потекло од општински служби, да се прошири на цела територија на државата, а да ги опфати и притисоците и заканите што се вршеле врз Македонци за време на пописот во Албанија во 2023 , побараа од единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција.

    Претседателот Васил Стерјовски, кој денес беше во Битола на чествувањето на 152- годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, изјави дека тоа е истата мрежа која се обидува да спроведе асимилација врз Македонците во Албанија, прикажувајќи ги како Бугари.

    „Пред две години тоа само за Албанија го направи Бугарија, апликантите за бугарски пасош, без разлика на етничка припадност, албански граѓани да се, да им се бара потврда од општината дека имаат бугарско потекло. Таква ингеренција немаат општините. Секој си купуваше за пари и тоа беше злоупотреба на службена должност. Обвинителството и полицијата презедоа мерки и ги уапсаија тие лица и кажаа дека водат истраги и за други. Бараме истрагата да се прошири во цела држава, а да се однесува и на пописот бидејќи истата мрежа е што влијае преку бугарските структури“, рече Стерјовски.

    Пред десетина дена од партијата побараа од Владата на Албанија и другите надлежни институции да се забрани дејствувањето на фондацијата „Бугарска меморија“ на бизнисменот Милен Врабевски во Албанија зашто сметаат дека преку донациите врз поткуп на лица.

    „Таа преку различни донации врши поткуп за алимилација на Македонците. И оваа нивна мрежа имаат луѓе низ албански институции што ги финансира и тие влијаат и врз пописот. Бараме да се сопрат овие донации во места каде живеат Македонците бидејќи ги претставуваат дека ги носат за Бугарите. Да се забрани дејствувањето на таа фондација која корумпира албански функционери и влијаеше врз пописот и прави етнички конфликт“, додаде Стерјовски.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира