МАЛ ПОЖАР ПОД СКОПСКО КАЛЕ, ВЕДНАШ Е ИЗГАСНАТ

    МАЛ ПОЖАР ПОД СКОПСКО КАЛЕ, ВЕДНАШ Е ИЗГАСНАТПожарот под скопско Кале зафати околу 150 метри квадратни трева и грмушки. (архивска фотографија)

    Вечерва околу 9.30 часот изби мал пожар под скопското Кале. Противпожарната бригада интервенираше веднаш на терен и го изгасна пожарот, кој зафати трева и грмушки.

    Од МВР велат дека добиле пријава за пожар на мала површина, кој веднаш е изгаснат.

    Претходно имаше огномет од Американската амбасада во близина, по повод 4 Јули – Денот на независност на САД. Од МВР не знаат дали има врска меѓу двата настана.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира