МАРИН НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ ЈА ЧИСТИ ОПШТИНА АЕРОДРОМ СО НОВА МЕТОДОЛОГИЈА ПО ТЕРКОТ НА ЉУБЉАНА

    МАРИН НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ ЈА ЧИСТИ ОПШТИНА АЕРОДРОМ СО НОВА МЕТОДОЛОГИЈА ПО ТЕРКОТ НА ЉУБЉАНАГраѓаните преку веб страна ќе може да пријавуваат проблеми поврзани со хигиената, а општинските служби во најкус можен рок ќе интервенираат. (Фото: Општина Аеродром)

    По теркот на градот Љубљана, Општина Аеродром ќе воведува нова методологија за одржување на хигиената на нејзината територија. Тоа,  како што соопшти денеска кабинетот на градоначалникот Златко Марин, ќе се реализира преку неколку проекти. Најпрво граѓаните преку веб страна ќе може да пријавуваат проблеми поврзани со хигиената, а општинските служби во најкус можен рок ќе интервенираат.

    Општината ќе постави календар на редовни активности за чистење на Аеродром, ќе постави распореди за вонредни чистења на кабаст отпад и постојано ќе ги ажурира сите наведени термини за да бидат информирани граѓаните кога ќе се чисти во нивниот реон, населба или улица.

    „По теркот на градот Љубљана и јавното претпријатие ‘Снага‘, воведуваме нова европска методологија за одржување на јавната хигиена во Општина Аеродром. Ние сме прва општина во државата и во регионот што имплементира ваква практика. Освен со новата методологија, аплицираме и за ЕУ-проект за селекција на отпад од куќен праг „Clean AirDrom“ финансиран од Европскиот фонд за локални самоуправи. Континуирано ќе реализираме акции за собирање и обезбедување микролокации, урбани простори за одлагање кабаст отпад, почнуваме со изработка на проект за селекција и компостирање органски отпад и изработка на студија на загадувачи во Општина Аеродром, што ќе опфати и субвенционирање за нивно неутрализирање. Наскоро, Општината ќе ги повика станбените заедници да креираат енергетски задруги во соработка со бизнис-заедницата“, рече Дејан Антовски, раководител на Одделението за комунални работи и заштита на животната средина.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира