ДО МАРТ ДОТУР НА СТОКА ВО ЦЕНТАРОТ НА ВЕЛЕС САМО ОД 18 ДО 7 ЧАСОТ

    ДО МАРТ ДОТУР НА СТОКА ВО ЦЕНТАРОТ НА ВЕЛЕС САМО ОД 18 ДО 7 ЧАСОТ

    Со новата одлука на советниците на Општина Велес, од 1 декември до 28 февруари дотурот на стока во централното градско подрачје ќе се врши во период од 18 до 7 часот. Ова со амандман го побара екологист д-р Ненад Коциќ, а неговите колеги го усвоија. Советниците од опозицијата беа присутни во салата, но и натаму тие не дискутираат и не гласаат.

    Ова е мерка за намалување на загадувањето на амбинеталниот воздух, а годинава ќе почне да важи еден ден откако ќе излезе во Службениот гласник на Општина Велес.

    Зоната во централно градско подрачје се однесува на улиците Благој Ѓорев, 8 Септември, Илинденска, Никола Оровчанец, Гоце Делчев, Страшо Пинџур, Алексо Демниевски Бауман. Во останатиот дел од годината, во зоната на централно градско подрачје доставување стока се врши секој ден, во временскиот период од 23 до 6 часот и од 9.30 -11.30 часот. Возилата кои доставуваат стока на подрачјето на Општина Велес може да запираат и паркираат додека трае текот на истоварање и товарање, но не подолго од 15 минути и не може да бидат потешки од 7 тона.

    П. ПЕЧКОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира