МЕРКО ДОБИ ОСЛОБОДИТЕЛНА ПРЕСУДА ЗА НАБАВКАТА НА ЛУКСУЗНОТО „АУДИ“

    МЕРКО ДОБИ ОСЛОБОДИТЕЛНА ПРЕСУДА ЗА НАБАВКАТА НА ЛУКСУЗНОТО „АУДИ“Судот утврди дека во процесот на јавната набавка нема докази кои укажуваат дека Мерко имал намера да ја злоупотреби својата службена положба.(Фото: СДК.МК)

    Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко доби ослободителна пресуда во случајот поврзан со набавката на луксузниот автомобил „ауди А6“, вреден 67 илјади евра и уште три други автомобили.

    Судот утврди дека во процесот на јавната набавка нема докази кои укажуваат дека Мерко имал намера да ја злоупотреби својата службена положба. Судијата Јордан Јованов во усната објава кажа дека Судот не утврдил дека Мерко сторил кривично дело.

    Неговиот адвокат Игор Петковски рече дека со тоа што Судот не утврдил ниту еден доказ или повреда на некоја законска одредба од страна на Мерко, пресудата покажува оти не било сторено никакво кршење на законот при набавката на службените возила чија вкупна вредност изнесува 114.000 евра.

    Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал го гонеше струшкиот градоначалник за злоупотреба на службената положба, бидејќи спротивно на начелата на законитост и спротивно на јавниот интерес во услови кога општината имала неподмирени долгови и блокирана жиро-сметка, набавил четири моторни возила, со што го оштетил буџетот.

    С.ВРЕНЦОВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира