МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРУД ОДБИ ДА Ѝ ГО ДАДЕ НА ОПШТИНА БИТОЛА ДЕТСКОТО ОДМОРАЛИШТЕ „ПЕЛИСТЕР“ КОЕ СЕ РАСПАЃА ЦЕЛА ДЕЦЕНИЈА

    МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРУД ОДБИ ДА Ѝ ГО ДАДЕ НА ОПШТИНА БИТОЛА ДЕТСКОТО ОДМОРАЛИШТЕ „ПЕЛИСТЕР“ КОЕ  СЕ РАСПАЃА ЦЕЛА ДЕЦЕНИЈАДржавата долги години не инвестираше да се постави ни една шајка во одморалиштето, па затоа денес објектот се распаѓа. (Фото: СДК.МК)

    Министерството за труд и социјална политика (МТСП) не даде согласност сопственоста на детското одморалиште „Пелистер“ да ја пренесе на Општина Битола, за што општинскиот Совет имаше доставено барање уште лани во март. Општината доби допис од МТСП дека на 9 февруари, или скоро година дена по барањето, тоа беше разгледано и не е дадена согласност, зашто Министерството има во план да го реобнови и стави во фунација за свои потреби. Ваквиот одговор, на последната седница на Советот предизвика жестока дискусија за одморалиштето кое веќе осум години не работи и се распаѓа, а во изминатите години скоро сите политички партии ветуваа обнова.

    „Исто како Копанки, така и детското одморалиште едно десетина години е во лавиринтите на администрацијата. Едни ќе го правеа, други ќе го правеа, не потегна никој да се фати да го среди тоа што го имаше ветено за битолчани. Целта ни беше да го вратиме во функција, се распаѓа, се се испокраде од внатре“, рече советникот Иван Чулакоски од Поинаку.

    Советникот Борче Корлевски од СДСМ праша дали Општина Битола има финансиски средства за да го реконструира одморалиштето и од која програма тие се предвидени.

    Советот ја задолжи Општина Битола да побара информација од Министерството за динамиката за рестартирање на објектот и дали се предвидени финансиски средства од буџетот на институцијата.

    Детското одморалиште беше изградено со пари од битолчани, од придонесите што ги плаќаа во социјализамот за детска заштита и образование. Беше пуштено во употреба во 1985, објект на неколку ката со стотици легла, соби со засебни балкони и тоалети, игралиште, сала за игранки, пространа менза, во срцето на националниот парк. Потоа, домот премина во сопственост Државата долги години не инвестираше да се постави ни една шајка во одморалиштето, па затоа денес објектот се распаѓа.на Министерството за труд и социјална политика кое во минатото го издаваше под закуп. Државата долги години не инвестираше да се постави ни една шајка во одморалиштето, па затоа денес објектот се распаѓа.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира